Sections
Home | Integral bodies | S S H I | S S H I Activities | Информација за извршени надзори

Информација за извршени надзори

Извршен е надзорот од страна на државни санитарни и здравствени инспектори од подрачните одделенија во Скопје. Инспекциски надзор е извршен во следните приватни здравствени установи: 1.      ПЗУ Поликлиника по општа медицина и специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство Д-р Билјана Талеска , лоцирана на ул. Кузман Јосифовски бр. 62-б , врши здравствена дејнсот со уредно добиени решенија за обавување на дејност, односно не е дива ординација какошто се наводите во пријавата.Од надзорот се констатираа недостатоци во вршење на прописна селекција и диспозиција  на медиицнски отпад, не навремена дезинфекција од страна на овластена здравствена установа, не водење уредна евиденција на хронични незаразни заболувања  и немање на соодветни образци за нивно пријавување. За одстранување на недостатоците следи решение. 
  1. ПЗУ Медихелп – специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство, лоцирана на ул. Партизанска бр. 34/3. Надзрот е извршен во  попладневните часови во два наврати, но истата била  затворена.

  2. За  Специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство лоцирана на ул. Стале Попов бр. 19, наведена во пријавата, на  оваа адреса не е констатирана ознака за ординација, и добиени се изјави од станарите на објектот и соседството, дека оваа  ординација  за која има пријава дека диво работи, не работи подолг период наназад.
 
  1. ПЗУ Специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство  Св. Ана – Битола, ординацијата има одобренеи за вршење дејност, за констатирани недостатоци следи решение.
 
  1.  ПЗУ Д-р Надица Радичева, ординација по општа медицина , лоцирана на ул. Ружа Делечва, ординацијата има добиено одобрение за вршење на дејност, но од надзорот се констатира дека во истата се врши дејност надвор од одобрение- односно по затекната опрема и договор со педијатар. За вршење дејност надвор од добиено одобренеи следи решение за збрана .
 Заклучок:Наводите дадени во анонимната пријава не можеа да се проверат во ординацијата ПЗУ Медихелп од причини што истата беше затворена, а за ординацијата за која нема назив , добиен е податок дека во неа не се врши здравствена дејност и истата ќе биде предмет и во иднина на надзор за утврдување на фактичка сотојба и превземање на законски мерки.Останатите ординации имаат одобрение за вршење дејност од Министерство за здравство.
  • email Email to a friend
  • print Print version
  • Plain text Plain text
Announcement