Почетна | Кампањи | Превенција и заштита од новиот грип тип А (H1N1)

Превенција и заштита од новиот грип тип А (H1N1)

image

Како да се заштитите од новиот грип?

 Основни правила:

          Често и темелно миење на рацете со вода и сапун, не пократко од 20 секунди

          Покривајте го носот и устата при кивање и кашлање со хартиено шамиче кое потоа треба да го фрлите во канта за отпадоци

          Избегнувајте да ги допирате очите, носот и устата по допирање на предмети надвор од домот

          Внесувајте повеќе течности и витаминска храна, бидете физички активни и најдете време за одмор и добар сон

          Често проветрувајте ги просториите во кои престојувате

          Избегнувајте близок контакт со лица кои покажуваат симптоми на грип и советувајте ги да останат дома

Како се пренесува вирусот на грип?

Вирусот може да се пренесе од човек на човек на ист начин, како и обичниот грип – преку кашлање, кивање или со допирање предмети заразени со вирусот на грип

Кои се симптомите на новиот грипот?

Симптомите се слични како и кај обичниот грип. Покачена телесна температура (поголема од 37,8°C), треска, болка во грлото, кашлање, течење на носот, главоболка, болки во мускулите, општа слабост, намален апетит, а може и гадење и повраќање.

За разлика обичниот, кај новиот грип симтомите брзо се развиваат.

Препораки

          Доколку чувствувате симптоми на грип, останете дома! Веднаш јавете се по телефон кај вашиот матичен лекар. Ако не го добиете вашиот лекар, јавете се во службата на итна медицинска помош или во најблискиот центар за јавно здравје. Лекарите ќе одлучат за вашето понатамошно лекување

          При посета на лекар ставете маска или марамче за да го спречите ширењето на инфекцијата кај други лица

          Избегнувајте присуство на масовни настани или простор во кој има повеќе лица

Дополнителни информации на телефон (02) 3122 499 во Министерството за здравство или на интернет страницата www.moh.gov.mk

Симни атачмент Симни атачмент >> Brosura_za_grip_zadna_strana_560959846.pdf
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Најава