Заменик-Министер

image

ПРОФ. Д-Р ВЛАДИМИР ПОПОВСКИ

Професор д-р Владимир Поповски, максилофацијален хирург, редовен професор по максилофацијална хирургија на Стоматолошкиот факултет во Скопје и поранешен директор на Клиниката за максилофацијална хирургија во Скопје.  Роден во Битола, Република Македонија, на 25.06.1956 година. 

·        Во октомври 2006 година - назначен за директор на Клиниката за максилофацијална хирургија во Скопје.

·        Од почетокот на 2004 година – до денес е назначен за раководител на КМЕ на Стоматолошкиот факултет.

·        Претседател на организацискиот одбор на првиот Македонски конгрес на максилофацијална хирургија на вратот, со интернационално учество, одржан во мај 2006 година.

·        Номиниран за директор на Едукациониот тренинг-центар за орална и максилофацијална хирургија во Скопје, кој е акредитиран и под покровителство на Европската асоцијација за кранио-максилофацијална хирургија (мандаторен период 2007-2009 година)

·        Од мај 2004 – до денес претседател на Здружението на максилофацијални хирурзии на Р. Македонија.

·        Во тек на 2001 година од Владата на РМ поставен за државен секретар во Министерството за здравство.

·        Завршени повеќе менаџмент курсеви за високи функционери во здравството, под покровителство на Светска банка.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Најава