- Новости
- Активности
- » Министерство
- Сектори
- » Органи
- » Документи
- Кампањи
- Контакт
- » Назад
- Министер
- Надлежности
- Комисии
- Органограм
- Заменик Министер
- Државен Секретар
- » Назад
- » Д С З И
- » Дирекција за храна
- » Биро за лекови
- » Назад
- » Назад
- » Назад
- Новости-Биро за лекови
- Сектори
- Законски акти


За време на новогодишните празници почитувајте ги основните препораки за заштита од грип
И покрај моменталното намалување на бројот на заболени од грип во земјава, вирусот се уште циркулира и е присутен во државата.
Министерството за здравство заради претстојните празници и можноста за поинтензивни контакти меѓу населението ги потсетува граѓаните дека е потребно да продолжат да ги почитуваат мерките за лична хигиена и самозаштита (почесто миење на раце), проветрување на простории, избегнување на контакт со заболени лица и јавување на лекар при појава на први симптоми на грип.
Исто така, препорачуваме почеста консумација на свежо овошје и зеленчук, престој на чист воздух, како и намалено консумирање алкохол.
И покрај моменталното намалување на бројот на заболени од грип во земјава, вирусот се уште циркулира и е присутен во државата, поради што уште еднаш препорачуваме сите граѓани навремено да се вакцинираат и да се заштитат од грип.
Вакцинацијата се врши во сите заводи за здравствена заштита и во службите за имунизација во здравствените домови (за деца до 18 години), кои континуирано ќе работат и во следните денови (од 8.00 до 20.00 часот). Ги потсетуваме сите граѓаните кои треба да се ревакцинираат со baxter вакцината дека е потребно втората доза да ја примат по три недели од првата доза во центрите за јавно здравје (за возрасни), додека ревакцинација со втора доза е задолжителна за сите деца до 10-годишна возраст, независно од типот на вакцината.
Потсетуваме дека за новогодишните празници, засилени се дежурствата во итните медицински служби на здравствените домови, како и во здравствените установи каде се лекуваат заболени од грип.
Министерството за здравство на сите граѓани им посакува среќни новогодишни празници и многу здравје во следната 2010 година!












