Почетна | Новости | Во новогодишната ноќ родени 15 бебиња, 66 хоспитализирани на Токсикологија, а четворица примени во Ургентниот центар

Во новогодишната ноќ родени 15 бебиња, 66 хоспитализирани на Токсикологија, а четворица примени во Ургентниот центар

image

Министерот Османи во Болницата за гинекологија-Чаир ја посети малата Ивана, родена неколку секунди по полноќ

Министерот за здравство, д-р Бујар Османи, првиот ден од годината посети повеќе здравствени установи и разговараше со дежурните лекари и со пациентите сместени во овие установи. Во Специјалната болница за гинекологија - Чаир ја посети малата Ивана, родена неколку секунди по полноќ, и нејзината мајка. Тој во рамки на обиколката по клиниките, на Клиниката за гинекологија и акушерство го посети и Лука, првото третородено бебе во оваа година. 

Инаку, за време на новогодишната ноќ на Клиниката за токсикологија згрижени се вкупно 66 пациенти, од кои 41 се акутни труења со алкохол- 26-мажи и 15 жени. Повеќе од 50 отсто од случаите биле лица на возраст меѓу 14 и 20 години. Тројца се на возраст од 13 години, а највозрасниот има 56 години. Ова е најголема бројка на пациенти со акутни алколхолни труења примени досега на Клиниката за време на новогодишната ноќ.

Сите пациенти биле примени во тешка општа состојба и се третирани како алкохолни коми. Tројца заради витална загрозеност се хоспитализирани во Одделот за интензивна нега и се уште се во болницата.

Во Ургентниот центар, пак беше помирно. Примени се четворица пациенти, а извршени се околу 30 прегледи.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Најава