Главно мени
- Новости
- Активности
- » Министерство
- Сектори
- » Органи
- » Документи
- Кампањи
- Контакт
- » Назад
- Министер
- Надлежности
- Комисии
- Органограм
- Заменик Министер
- Државен Секретар
- » Назад
- » Д С З И
- » Дирекција за храна
- » Биро за лекови
- » Назад
- » Назад
- » Назад
- Новости-Биро за лекови
- Сектори
- Законски акти


Отворена нова амбуланта во гостиварското село Калиште, општина Врапчиште
Обезбедена е медицинска опрема и веќе се пријавил лекар кој ќе концесионира со објектот
Министерот за здравство Бујар Османи, во придружба на заменик претседателот на Владата Абдулаќим Адеми денеска свечено ја пушти во употреба новата амбуланта во гостиварското село Калиште, општина Врапчиште.
- Отворањето на амбулатата во Калиште е скормен потег од апспект на целукупното здравство, меѓутоа е од големо значење за жителите на ова потшарпланиско село. Нашата намера, како Министерство е да им овозможиме еднакви права на сите граѓани и да имаат медицинска грижа, независно дали живеат во урбани средини или пак во планиските подрачја, рече министерот Османи по свеченоста.
Амбулантата е со големина од 122 метри квадратни, и во неа се наоѓаат посебна соба за лекар, за сестра, чекална, картотека и други помошни простории. Таа е дел од проектот на Владата и на Министерството за здравство за достапна, навремена и ефикасна здравствена заштита.
Проектот е вреден 74 милиони денари и опфаќа отворање 17 нови амбуланти во рурални подрачја во земјава, во кои досега немало лекар од примарна задравствена заштита.
Сите амбуланти се изградени, а досега официјално се отворени три, во село Копаница, општина Сарај, село Мерово, во општина Желино и Калишта, општина Врапчиште.












