Главно мени
- Новости
- Активности
- » Министерство
- Сектори
- » Органи
- » Документи
- Кампањи
- Контакт
- » Назад
- Министер
- Надлежности
- Комисии
- Органограм
- Заменик Министер
- Државен Секретар
- » Назад
- » Д С З И
- » Дирекција за храна
- » Биро за лекови
- » Назад
- » Назад
- » Назад
- Новости-Биро за лекови
- Сектори
- Законски акти


Почнува имплементацијата на проектот за плаќање на болниците според успешност
Во работењето на болнциите се воведува нова динамика и квалитет кој ќе го чувствуваат здравствените работници и пациентите
Скопје, 4 јануари - Стартува имплементацијата на проектот за плаќање на болниците според успешност. Секоја болница доволно е да има само еден компјутер и достап до интернет за да може да го користи системот. Проектот најпрво се спроведува како пилот и со него се опфатени седум јавни здравствени установи - клиниките за кардиологија, пулмологија и алергологија, максилофацијална хирургија, Градската болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје, како и клиничките болници во Тетово, Штип и Битола. По шест месеци со проектот треба да бидат опфатени и останатите болници. Болниците кои ќе бидат успешни по ДРГ - моделот на одредување на буџетот на болниците, ќе го вклучат и овој модел.Целта на Министерството за здравство, истакна на денешната презентација на проектот, ресорниот министер Бујар Османи, е да се создаде систем во кој пациентот ќе биде во центарот на вниманието и со воведување на овој проект во работењето на болнциите ќе се воведе нова динамика и квалитет кој ќе го чувствуваат здравствените работници и пациентите.- За да имаме задоволни пациенти треба да има имаме валоризирани, вреднувани и задоволни мотивирани здравствени работници. Целта на проектот е преку воведување софтверско решение на дневна база да се евидентира и мери успешноста на здравствените работници преку точно утврдени индикатори за институционална и инвидуална успешност. Првпат ќе имаме дневна евиденција што работи секој здравствен работник и врз основа на успешноста, волуменот и квалитетот на работата тие ќе бидат наградувани, рече Османи.Моделот е инспириран од турскиот концепт на плаќање по учинок, на кој година ипол работеше Работна група со која раководеше заменик-министерот Владо Поповски, кој рече дека во оформувањето на овој проект нивната заложба била да овозможат подобра пристапност, ефикасност и квалитет на здравствени услуги. - Воведувањето на проектот има за цел зголемување на индивидуалната успешност, квалитет и продуктивност на вработените во јавните здравствени установи. Со плаќањето по успешност првпат ќе може комплетно да се дадат анализи и извештаи и ќе се зголеми транспарентноста во известувањето и донесувањето одлуки. Со овој систем болниците ќе може комплетно да дадат евиденција за нивната работа, посочи Поповски.Слаѓан Михајловски, претставник на фирмата која го изработи софтверското решение на проектот, истакна дека тоа се базира на веб технологија каде серверот е сместен во Министерството за информатичко општество и е достапен на сите болници кои имаат право на привилегија да го користат.- Решението се состои од три дела - внесување податоци потребни за пресметка на успешноста на докторите и институциите и разни извештаи кои се потребни таа успешност да се искаже во бодови и пари. Се одржаа обуките за користење на системот за болниците. Идејата е на крајот на месецот податоците од здравствените системи кои ги има во болниците да се префлат во овој систем, да се дополнат со некакви податоци (дополнителна дејност и сл). По внесување на параметрите се пушта пресметка и со извештај за бодови се добива износ за секој вработен за тоа колку награда добил за тој месец, додаде Михајловски.












