Почетна | Новости | Амбулантата во Арачиново се реконструира според најсовремени стандарди

Амбулантата во Арачиново се реконструира според најсовремени стандарди

image

Во рамки на амбулантата ќе се отвори и гинеколошка ординација.

Скопје, 5.1.2010 - Министерството за здравство ги почна работите за репарирање на амбулантата во општина Арачиново. Проектот чини 1,5 милион денари, а се очекува да заврши за двa месецa. Ова го најави министерот Бујар Османи во рамки на вчерашната посета на амбулантата, нагласувајќи дека пациентите ќе можат да се лекуваат во подобри и посовремени услови.

„Ова воедно овозможува спречување на болестите преку превентивни контроли, но и давање на здравствени услуги таму каде што живеат пациентите или граѓаните, без разлика дали се во урбани или рурални зони. Оваа инвестиција од 1,5 милиони денари е направена со цел да се подобрат  инфраструктурните услови во здравствениот дом во Скопје“, рече министерот Османи.

Предвидено е во рамките на амбулантата да се отвори и гинеколошка ординација.

“Гинеколог на ова подрачје исто така е потребен, имаме и покренато иницијатива да најдеме лекар-гинеколог за да отвориме посебна ординација, зашто на времето си постоела и гинекологија“, рече Бојан Јаначков, директор на Здравствен дом-Скопје.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Најава