- Новости
- Активности
- » Министерство
- Сектори
- » Органи
- » Документи
- Кампањи
- Контакт
- » Назад
- Министер
- Надлежности
- Комисии
- Органограм
- Заменик Министер
- Државен Секретар
- » Назад
- » Д С З И
- » Дирекција за храна
- » Биро за лекови
- » Назад
- » Назад
- » Назад
- Новости-Биро за лекови
- Сектори
- Законски акти


Министерот Османи го посети Дијагностичко-ургентниот центар во Тетово
Вредноста на објектот е 3,2 милиони евра, а ќе се донесе и опрема вредна 3,5 милиони евра
Тетово, 10 јануари - Министерот за здравство Бујар Османи денеска го посети новиот Дијагностичко-ургентен центар во тетовската Клиничка болница, чија изградба треба да заврши до средината на годинава. Со изградбата на центарот ќе се овозможи поквалитетна медицинска услуга за граѓаните и растоварување на Клиничкиот центар во Скопје кој треба да се врати на основната дејност, научно-истражувачка и едукативна дејност.
- Изградбата на овој центар е дел од покрупен проект за изградба на нови здравствени објекти. Пациентите ќе добијат брза услуга, ќе се намалат стресовите, ризиците и трошоците за лекување во Скопје. Вредноста на објектот е 3,2 милиони евра, а ќе се донесе опрема во вредност 3,5 милиони евра, со што 300 илјади жители на градот и околината ќе добијат поквалитетна услуга, рече Османи.
Изградбата на центарот е дел од проектот на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија за изградба на нови здравствени објекти со цел регионално укрупнување на медицинските центри и создавање модерни болници за современ медицински третман и дијагностика. Камен-темелникот на објектот е поставен пред неколку месеци и се очекува тој да биде пуштен во употреба до крајот на годинава. Се уште се прават проекции за потребите од нов кадар.
- Во фаза сме на проектирање од потребите на кадар. Доколку во Тетово нема доволно кадри привремено ќе се носат од Скопје за да се обучат постојните лекари за да можат да управувата со современата опрема, појасни Османи.












