- Новости
- Активности
- » Министерство
- Сектори
- » Органи
- » Документи
- Кампањи
- Контакт
- » Назад
- Министер
- Надлежности
- Комисии
- Органограм
- Заменик Министер
- Државен Секретар
- » Назад
- » Д С З И
- » Дирекција за храна
- » Биро за лекови
- » Назад
- » Назад
- » Назад
- Новости-Биро за лекови
- Сектори
- Законски акти


Финансиската стабилност на јавните здравствени установи-приоритет на Министерството за здравство
На средбата стана збор за тековната финансиска состојба и за проекциите за финансирање на здравството во 2010 година
Скопје, 13 јануари - Министерството за здравство од денеска почнува серија состаноци со претставници на институциите кои се надлежни за финансиското работење на болниците со цел да се најде трајно одржливо решение за да се обезбеди нивна финансиска стабилност, но и на сите јавни здравствени установи и на системот.
Првиот состанок од серијата планирани во наредниот период, министерот за здравство Бујар Османи денеска го одржа со директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова и Јанез Јелникар, на кој стана збор за тековната финансиска состојба и за проекциите за финансирање на здравството во 2010 година.
- Ќе се обидеме решението да биде поволно за сите - болниците, Фондот, медицинскиот персонал, но најбитно е тоа да биде поволно за пациентите кои треба постојано да добиваат квалитетни здравствени услуги, изјави министерот Османи по средбата.
Според показателите и фактите кои ги дискутиравме, истакна тој, може да се заклучи дека и покрај тоа што од 1 јануари 2009 година болниците почнаа со минимални долгови бидејќи Владата со 80 милиони евра ги исчисти долговите на јавните здравствени установи, сепак, во текот на 2009 година одредени болници направија нови.
- Моменталната состојба во однос на тие долгови е дека стагнираат поради мерките за кратење на непродуктивното трошење кое им го препорачав на директорите во последните три месеци. Долговите треба да ги платат тие кои ги направиле и да престане практиката да се очекува нив да ги плаќа Министерството за здравство или Владата. Министерството прави се што е во негова моќ и надлежност болниците да ги вратат долговите и да не генерираат нови, рече Османи.
Тој нагласи дека нивна највисока цел е пациентите да имаат пристап до квалитетни здравствени услуги и додаде оти Фондот ќе ги покрие трошоците на болниците кои се генерираат во давањето на здравствените услуги, а се друго што не е директно поврзано со тоа од типот на плати, надоместоци, награди, треба да се одреди според можностите на болниците, а не според желбите.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што ќе се случи со директорите на јавните здравствени установи кои нема да ги прифатат буџетите какви што се и нема да ги потпишат, рече дека за фунционирање на болниците не треба да се грижат само тие што ги даваат парите, туку и тие кои ги трошат. Во врска со тоа кои се првичните проценки за намалување на буџетите на здравствените институции, Османи посочи дека оваа година новина е што тие ќе се одредуваат од април до април идната година што според него, е европски тренд за да се остави простор за утврдување на државниот буџет и буџетот на болниците.
- Во оваа фаза се потпишани само анекси, односно тримесечни договори со цел од 1 април да се почне со годишниот буџет на болниците. Има голем број болници кои успешно работеле и со сопствени приходи успеале и да инвестираат во нивните здравствени установи. Не треба да се генерализира состојбата. Во текот на овие состаноци ќе се обидеме да ги детектираме проблемите и да понудиме решение, додаде министерот Османи.
Директорката на ФЗОМ, Парнарџиева-Змејкова, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали буџетот на јавното здравство се намалува или зголемува во однос на 2009 година, рече дека во однос на 2009 година, во 2010 година буџетот е идентичен. Значи 11 милијарди денари, укажа таа, биле распоредени минатата година за сите 113 јавни здравствени институции кои обезбедуваат здравствени услуги за осигурениците и идентичен е буџетот и за 2010 година.












