- Новости
- Активности
- » Министерство
- Сектори
- » Органи
- » Документи
- Кампањи
- Контакт
- » Назад
- Министер
- Надлежности
- Комисии
- Органограм
- Заменик Министер
- Државен Секретар
- » Назад
- » Д С З И
- » Дирекција за храна
- » Биро за лекови
- » Назад
- » Назад
- » Назад
- Новости-Биро за лекови
- Сектори
- Законски акти


Клиниката за гинекологија доби опрема за третман на предвремено родени бебиња
Со донација се обезбедени 25 апарати за регулирање на кислородна терапија за сите инкубатори на клиниката
Комплетна опрема за третман на предвремено родени бебиња доби Одделот за интензивна нега и терапија во Универзитетско гинеколошко-акушерска клиника во Скопје, донација од Вип оператор.
Опремата ја пушти во употреба министерот за здравство, д-р Бујар Османи, нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу приватниот и јавниот сектор.
"Реформите во здравството кои се главен приоритет на Министерството за здравство, меѓу другото имаат за цел преку низа мерки да овозможат квалитетна услуга и третман, но и подобри услови за работа. Со големиот тендер за набавка на опрема Универзитетската – гинеколошко акушерска клиника, ќе добие нова опрема, а во завршна фаза е и новата зграда. Сепак, здравството како комплексен сегмент од секое општество има потреба за поддршка и од приватниот сектор. Оттука ние ја поздравуваме оваа иницијатива и се надеваме дека во иднина овој пример ќе го следат и други субјекти", изјави министерот Османи.
Директорот на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје, д-р Саша Јовчевски го нагласи значењето на донираната опрема, имајќи во предвид дека оваа клиника е најголемото родилиште во земјава, каде се третираат најкомплицираните случаи.
"Нашата клиника е можеби една од ретките која побудува позитивни емоции, бидејќи тука се раѓа нов живот. Секојдневно преку нашата работа се обидуваме да обезбедиме квалитетна услуга за нашите пациенти, бебињата и нивните мајки. Нашите заложби се дотолку поуспешни кога се одвиваат во современи услови и со соодветна апаратура, преку која нашите пациенти добиваат подобар третман. Освен тоа, со оваа опрема се затвора еден голем проблем со кој досега се соочувавме, а тоа е ретинопатијата, која се појавуваше токму кај предвреме родените бебиња", изјави д-р Јовчевски, директор на Клиниката за гинекологија.
Директорот на ВИП операторот, Никола Љушев истакна дека тие како општествено одговорна компанија имаат трајна определба за придонес во развојот и унапредувањето на заедницата во сите значајни сегменти. Во таа насока ќе бидат насочени и активностите во следниот период.












