- Новости
- Активности
- » Министерство
- Сектори
- » Органи
- » Документи
- Кампањи
- Контакт
- » Назад
- Министер
- Надлежности
- Комисии
- Органограм
- Заменик Министер
- Државен Секретар
- » Назад
- » Д С З И
- » Дирекција за храна
- » Биро за лекови
- » Назад
- » Назад
- » Назад
- Новости-Биро за лекови
- Сектори
- Законски акти


Потпишан заеднички меморандум со граѓанските асоцијации за борба против ракот
Во текот на годинава во Македонија ќе се спроведе скрининг тестирање за рано откривање на малигни заболување на дојката, на грлото на матката и дебелото црвено
Министерството за здравство и невладините организации кои работата на борба против заболувањата од канцер денеска потпишаа Меморандум за соработка на полето на борбата против ракот и превенцијата.
Малигните заболување како во светот како и во Македонија се на второ место како фактори за смрт кај луѓето. Анализите предвидуваат дека до 2030 година бројот на смртни случаи поради заболување од рак од сегашните 7,5 милиони ќе се зголеми на 11,5 милиони лица.
“Канцерот на бело на желудникот, на дебелото црево, ракот на црниот дроб и дојката се најчестите причини за смрт од рак. За жал во Република Македонија малигните неоплазми се на второ место за смрт на населението веднаш зад кардиоваскуларните заболувања и нивното учество во вкупната смртност изнесува околу 17 отсто и затоа го иницираме ова потпишување на заеднички меморандум и формирање на оваа заедничка коалиција со цел сите да дејствуваме во насока на подигнување на свесноста на населението за важноста за здрави животни навики и за потреба од превентивни прегледи за навремено откривање“, изјави министерот за здравство Бујар Османи пред потпишување на меморандумот.
Докторите велат дека доколку луѓето ги следат препорачаните превентивни мерки и имаат здрави животни навики ризикот од канцерогено заболување може драстично да се намали.
“Науката докажа и студиите во светот и кај нас дека пушењето цигари и конзумирањето на преголема алкохол, физичката неактивност, неконтролирано изложување на јонизирачко зрачење, неконтролирани и долготрајно употребување на механички дразби на кожата се само едни од факторите и особено стресот се значајните фактори кои што влијаат на појава на малигни неоплазми. Но, добрата страна е што тие ризик фактори може да се превенираат и да се намалат малигните неоплазми и до 30 отсто доколку населението се придржува до владините мерки за примарна превенција“, вели Елена Ќошевска од Институтот за јавно здравје.
Во текот на годинава во Македонија ќе се спроведе скрининг тестирање за рано откривање на малигни заболување на дојката, на грлото на матката и дебелото црвено.
“Карциномот на дојка како организирам скрининг ќе биде поставен во четири градови и тоа Вевчани, Струга, Струмица и Велес. Во овие четири града со покани по пошта ќе се повикуваат жените од 50 до 70 годишна возраст како најризична возраст кога може да се појави карцином на дојка“, вели примариус доктор Јованка Костовска.












